Покрај за производство на храна, субвенции можат да добиваат и производителите на семенски материјал. Корисниците на финансиската помош треба да се запишани во регистрите на снабдувачи во оваа дејност. Пријавувањето е во тек, а рокот за аплицирање ќе трае до 17-ти ноември.

Производителите на семенски материјал за житни култури можат да поднесуваат барања за субвенции.

Корисници на парите се земјоделските стопанства запишани во регистарот на снабдувачи и кои во 2023 година имаат произведен и продаден семенски материјал за жито.

Висината на финансиската поддршка изнесува 3 денари по килограм за произведена пченица и јачмен од прва и втора генерација и запишана во сертификатот за реколта 2023 година. Парите се обезбедени преку интервентентниот фонд за земјоделството.

Барањата се поднесуваат директно во платежната Агенцијата на рачно пополнет образец кој е објавен на нејзината веб страна.

Во прилог на барањето не се доставуваат дополнителни документи, потребните податоци за проверка на исполнување на условите Агенцијата ќе ги обезбеди по службена должност.

Пријавувањето ќе трае уште една недела и завршува на 17-ти ноември.

Домашно производство на сертифицирано семе за житни култури кај нас е сè уште недоволно, односно околу 5 до 6.000 тони, а потребите за 100.000 хектари колку што се сеат годишно се скоро 20.000 тони.