Нема повисоки плати за функционерите следната година, но не е предвидено ни нивно намалување. Во предлог буџетот обезбедени се 15 милиони евра за повисоките примања на над 1.000 избрани и именувани функционери. Иако Владата најави дека бара начин како да си ги намалат примањата, работната група  се уште не доставила предлог.

Процедурата е сложена, велат од влада, треба да се менуваат 7 закони, затоа постапката тапка во место. Од Министерството за финансии пак со став – буџетот е планиран согласно постојните законски решенија, затоа платите се пресметани со 78% покачување.

А кои сектори ќе добијат зголемување до година се уште не се знае. Министерот за финансии вели дека се обезбедени пари за покачувањето кое беше договорено во септември со Општиот Колективен договор.

Најави повисоки примања за здравство и образование.

Се знае дека од март пензионерите ќе добијат повисоки пензии, за што се обезбедени 1,4 милијарди евра. Или заедно со платите за администартивците – следната година ќе се потрошат над 2 милијарди евра само за плати и пезнии.

Наместо 10 илјади, регресот на админстративците ќе биде најмалку 25,500 денари, пресметано со сегашната просечна плата. За 130 илјади вработени во јавниот сектор ќе се потрошат најмналку 3,3 милиони евра.

Во март скока и минималецот – од 20.175 на 22.500 денари. Со тоа повисока плата ќе земаат околу 50 илјади администартивци.

Ќе се намалат ли функционерските плати или ќе останат со 78% покачување?

Ќе се намалат ли функционерските плати или ќе останат со 78% покачување?