nov-sostav-na-upravniot-odbor-na-shtaermerkishe-shparkase-vo-grac-01.jpg

До летото 2019 година ќе се изврши реизбор на членовите на Управниот одбор на Штаермеркише Шпаркасе во Грац, кој вклучува и промени во неговиот состав.

Мандатот на извршните членови на Управниот одбор на Steiermärkische Bank and Sparkassen AG Graz истекува до крајот на мај 2019 година, додека м-р Франц Кербер ќе ја достигне законската старосна граница во мај 2019 година, откога и ќе замине во пензија.

На седницата одржана на 28 март 2018 година, Надзорниот одбор на Штаермеркише Шпаркасе во Грац донесе одлука за новиот тим на Управниот одбор, со важност од јуни 2019 година.

Нов состав на Управниот одбор во Грац

Од јуни 2019 година, на постојните членови на Управниот одбор на Steiermärkische Bank und Sparkassen AG Graz, д-р Герхард Фабиш (CEO) и д-р Георг Бухер (член на Управниот одбор), ќе им се приклучат два нови члена, кои се претставени во продолжение.

Новите членови на Управниот одбор во Грац се д-р Оливер Крепфл и м-р Валбурга Зајдл. И двајцата се долгогодишни вработени во компанијата со екстензивно искуство и длабоко познавање на банкарската групација, како и извршувале менаџерски функции во изминатите години.

Оливер Крепфл е правник и управува со Генералниот секретаријат.

nov-sostav-na-upravniot-odbor-na-shtaermerkishe-shparkase-vo-grac-03.jpg

Валбурга Зајдл е бизнис-администратор и е одговорна за Секторот за управување со стратегиски ризик.

nov-sostav-na-upravniot-odbor-na-shtaermerkishe-shparkase-vo-grac-02.jpg

Шпаркасе Банка Македонија ја продолжува својата работа со постојниот Управен одбор и органи на управување.