Како резултат на судирот меѓу глобалниот трговски гигант и претседателот Доналд Трамп, вчера имаше повторно пад на акциите на Амазон и тоа за 6 проценти.

 

На Твитер, претседателот Трамп повторно ја нападна компанијата на најбогатиот човек на светот Џеф Безос, обвинувајќи го дека поради него се затвораат помали продавници насекаде низ САД, додека масовното користење на американската пошта од страна на Амазон предизвикува дополнителни загуби за даночните обврзници.

 

Во неговите пораки на Твитер стои : “Само луѓе што се глупави, или нешто уште полошо, може да кажат дека нашата пошта – загубар заработува пари работејќи со Амазон. Поштата губи млијарди, но тоа ќе се смени. Исто така, продавниците кои плаќаат данок се затвораат… немаат фер терен за натпревар”.

 

Вредноста на акциите на Амазон падна на 1.362 долари, со што компанијата загуби уште 45 милијарди од својата вкупна вредност. Трамп се уште не објави какви мерки планира да преземе во врска со Амазон, а минатата недела навестуваште воведување на дополнителен данок за Амазон. Поштата на САД се соочува со големи загуби поради обврската да ги финансира пензиите на своите поранешни вработени, а поради застарениот модел на работа не успева да заработи доволно пари за доспеаните обврски.