Командитното друштво со акции за транспорт „ОИЛКО“ планира да објави понуда за преземање на најголемата македонска нафтена компанија „Макпетрол“. „ОИЛКО“ во моментов поседува 22,8 проценти од вкупниот број обични акции во „Макпетрол“ и сака да ги презеде останатите акции по цена од 67.001 денар за акција. Акционерите на „ОИЛКО“ за планот за преземање ќе гласаат на седница на Собранието закажана за 20 јануари 2024 година.

„Се одобрува голема зделка со заинтересирана страна, каде страна во зделката се сите сопственици на обични акции со право на глас од издавачот „Макпетрол“ А.Д. – Скопје, освен „ОИЛКО КДА“ – Скопје и физичките лица кои дејствуваат заеднички со него – сопственици на обични акции со право на глас.“, пишува во предлог одлуката за преземање.