За сите примени апликации во периодот 01.04.2018 – 31.07.2018 добиваат
- 0% административни трошоци
- 6,00% фиксна каматна стапка за првите две години, за кредити во МКД, за сите клиенти
За аплицирање на кредитот корисникот треба да е државјани на РМ и во редовен работен однос со минимален месечен приход од 8.100 денари за кредити до 10.000 евра (за секој учесник во кредитот поединечно), од 22.000 денари за кредитобарателот, за кредити над 10.000 евра.
Доколку износот на плата на кредитобарателот е помал од 35.000 денари, задолжително треба да се вклучи ко-кредитобарател со минимална плата од 8.100 денари.
Клиентот треба да има полни 20 години на денот на аплицирање до 67 години на денот на отплата на кредитот. Доколку се вклучи ко-кредитобарател, за клиенти со плата/пензија во банката, возраста може да достигне до 70 години на денот на отплата на кредитот.
Каматната стапка (фиксна за кредити со МКД клаузула) е 6% фиксна за првите две години од отплата и важи за сите клиенти. Годишната каматна стапка е променлива и доколку клиентот зема плата или пензија преку банката таа изнесува 10,13%, а за другите клиенти таа е 11,25% .
Рокот за отплата е минимум 6 месеци, а максимум 5 години за кредит до 91.500 денари, додека пак отплата и до 7 години е овозможена за исплата на кредит од 91.501 до 300.000 денари.