Француската Societe Generale банкарска групација се повлекува од сите земји во Централна и Источна Европа и исто така го продава својот бизнис во Бугарија – Societe Generale Expressbank.

 

Унгарската ОТП банка која е сопственик на ДСК банка после спроведената анкета на француската Societe Generale, првествено одлучиле за дирекни преговори помеѓу двете банки. Но, на крајот на фебруари се појавила нова индикативна понуда од фондот на американската филијала Apollo Global Management. Но, сепак во таа фаза понудената цена била премногу ниска. Од филијалата Apollo не сакале да дадат информации околу овааа понуда. Во последните  години фондот активно го надгледувал регионот.

 

Банката во Бугарија се продава во пакет со пет други оддели на француската групација – во Албанија, Македонија, Црна Гора, Србија и Молдавија. Сите тие се добро раководени и профитабилни, но исто така страдаат од слични недостатоци – мали пазари каде што претходно примамливо висока профитабилност се намалува и животната средина е заситена и во исто време е нестабилна од политичка и регулаторна гледна точка.

 

Затоа, било донесено  одлука на Societe Generale да се повлече од регионот на Источна Европа од нестратегиските пазари каде што не е во првите три пазарни удели.