Во периодот на дефлациска криза банките треба да усвојат политика на негативни каматни стапки и да ја користат како конвенционален монетарен инструмент за оживување на растот, напиша висок претставник на Кинеската централна банка во работен документ.
Според тоа дека нормалното ниво на каматните стапки во развиени економии може да остане ниско во долг временски период, централните банки во иднина веројатно често ќе прибегнуваат на политиката на негативни стапки, напиша во работниот документ Сун Гуофенг, директор на одделот за финансиско истражување во Кинеската централна банка (ПБОЦ).
– Политиката на негативни камати ќе биде поефикасна доколку банките се подготвени поединечните сопственици на депозит да ги изложат на негативни каматни стапки, а во тек на дефлациска рецесија, централните банки би требале да ја усвојат политиката на каматни стапки длабоко во негативно подрачје, вели Сун.