Водејќи грижа за квалитетот на услугите кои ги добиваат клиентите, Охридска банка АД Скопје на 03.04.2018 година публикуваше нова верзија на апликацијата за електронско банкарство – ОБСГ нет.
Новата верзија за Електронско банкарство ја зголемува безбедноста на самата апликација, преку интегрирање на бесплатната алатката ИБМ Трастиер (IBM Trusteer) која врши проверка на можни малициозни софтверски апликации инсталирани без ваше знаење на вашите електронски уреди.
Софтверските слабости во компјутерските оперативни системи создаваат можност криминални софтверски апликации (компјутерски вируси) да ги преземат уредите и да управуваат со банкарските трансакции.
Со цел да ги заштитиме клиентите од овие малициозни апликации, ИБМ Трастиер (IBM Trusteer) го скенира уредот секогаш кога ќе се активира електронското банкарство ОБСГНет и алармира за потенцијални ризици.