Стратегијата на ТТК Банка АД Скопје за наредните години останува насочена кон постигнување одржлив и профитабилен раст со освојување дополнително пазарно учество, наведе Банката во финансискиот план објавен на Македонска Берза.
Стратегиски цели и основни приоритетни цели на ТТК Банка АД Скопје
Континуирано и навремено усогласување на своето работење со:
- законската регулатива и мерките на монетарната власт.
- супервизорските стандарди и основните начела и принципи на корпоративно управување.
- целосно практикување на основните банкарски принципи, користејќи примери од најдобри банкарски пракси.
Остварување на профитабилно работење преку:
- развој на флексибилни деловни практики кои овозможуваат одржливост во пазарната конкуренција.
- претпазливо преземање прифатливи ризици.
- оптимизација на ресурсите и трошоците со континуирано јакнење на ефикасноста, економичноста и продуктивноста во работењето.
Јакнење на позицијата во банкарскиот сектор во РМ преку:
- одржување на пазарното учество во клучните сегменти.
- континуиран умерен раст на вкупната актива.
- одржување на финансиската и капиталната стабилност соодветно на развојните цели преку оптимални големини на капиталот, изворите на финансирање, ризично пондерирана актива и тековна ликвидност.
Основни приоритетни цели на Банката за 2018 година:
- Одржување на адекватноста на капиталот на потребното ниво во рамки на екстерно и интерно пропишаните лимити, преку обезбедување капитал од сопствени извори на Банката.
- Одржување на стабилна ликвидносна позиција и структурна ликвидносна усогласеност,
во рамки на пропишаните регулаторни и интерни лимити. - Зајакнување на кредитно депозитните активности со цел одржување и зајакнување на пазарното учество во банкарскиот сектор на Република Македонија, со истовремено зајакнување
на активностите и во другите клучни сегменти. - Одржување/подобрување на квалитетот на кредитното портфолио и намалување на учеството на нефункционалните кредити во вкупното кредитно портфолио на Банката.
- Одржување и зголемување на постојните извори на финансирање преку зголемување на уделот на штедењето и уделот на кредитни линии.
- Зголемување на уделот на работа со населението во вкупните активности на Банката и задржување на фокусот за работа со МСП.
- Активно залагање за продажба на преземениот имот во насока на подобрување на структурата на вкупната актива.
- Фокус на развој и обезбедување на широка понуда на производи и услуги на малите и
средни претпријатија („МСП“) и населението и подршка на развој на услуги од областа на
електронско и самоуслужно банкарство. - Подобрување на организацијата на работење, унапредување на деловните процеси, надградување на знаењето и вештините на вработените, зајакнување на стручноста и способностите во управувањето со процесите и во контролите и следењето на степенот на остварување на резултатите и поставените цели.
- Надградба на информатичката технологија во правец на унапредување и поддршката на деловните процеси, реализација и следење на планските цели и поефикасно следење на потребите на клиентите и нивното брзо и квалитетно опслужување.
Среднорочна стратегија на Банката за период од 2018-2020 година
Активностите кои се планираат за 2018 година се во насока на остварување на Стратешките цели на Банката за периодот 2018-2020 година. Среднорочната стратегија на Банката подразбира oдржување и зајакнување на позицијата во банкарскиот сектор на РМ преку континуиран годишен раст на вкупната актива во наредниот среднорочен период; oдржување и зајакнување на пазарното учество со одржување или зголемување на учеството на Банката во банкарскиот сектор во клучните сегменти; зајакнување на финансиската и капитална стабилност соодветно на развојните цели за раст, кое подразбира оптимален капитал, оптимални извори на финансирање, оптимална ризично пондерираната актива како и оптимална ликвидност и сигурност; континуирано и навремено усогласување на своето работење со законската регулатива и мерките на монетарната власт, со супервизорските стандарди и основните начела и принципи на доброто корпоративно управување, како и со целосно практикување на основните банкарски принципи користејќи примери од најдобри банкарски пракси; остварување на профитабилно работење кое ќе се реализра со развој на флексибилни деловни практики кои овозможуваат одржливост во пазарната конкуренција, со превземање на прифатливи ризици, со оптимизиација на ресурсите и трошоците, како и со контунирано јакнење на ефикасноста, економичноста и продуктивноста во работењето.
Клучните финансиски индикатори кои Банката со своето работење ќе се стреми да ги оствари во периодот кој следи се:
- Стапката на поврат на капиталот (RОЕ) да достигне до 11,5% до 2020 година;
- Одржување на стапката на адекватност на капиталот над 15,0%;
- Коефициентот Трошоци/Приходи (Cost/Income ratio) да се намали до ниво од 61,8% во 2020 година;
- Пораст на коефициентот за покриеност на кредитите со депозити (Loan to deposit ratio) од 74,3% во 2018 до 80,7% во 2020 година и
- Учество на расходите за резервации за ризик во вкупните кредити да се одржи на ниво од 3,9% во 2020 година.
Целиот развоен план и деловната политика на ТТК Банка АД Скопје можете да ги погледнете на следниов линк.