Tемата на обуката која ја организира денеска Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) за своите компании членки, во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), e kако до квалитетни апликации за поголема искористеност на средствата од Фондот за иновации и технолошки развој.
Од ССК најавуваат дека директорот на ФИТР Јован Деспотовски ќе ги претстави мерките од третиот столб на Планот за економски раст кои се однесуваат на финансиска поддршка (кофинансирани грантови) за микро, мали и средни претпријатија за иновации и технолошки развој, преточени во среднорочната програма за работа на Фондот.
– Целта е преку интерактивна дискусија компаниите да добијат информации од прва рака за сите фази во процесот на апликација, критериумите, каде да се фокусираат во изготвување на проектот, поднесување и добивање на предвидените средства за негова реализација, велат од ССК