Српското стопанство ќе почувствува последици од трговскиот судир и воведувањето увозни царини во двете најголеми светски економии САД и Кина, оценија економистите.

 

– Стопанството на Србија напредува, а колку тоа е одржливо на подолг рок ќе зависи и од протекционизмот кој се засилува, изјави Миладин Ковачевиќ на претставувањето на економскиот билтен „Макроекономски анализи и трендови“.

 

 

Тој наведе дека оние кои одлучуваат во многу земји, во желба да го заштитат своето производство и трговски интереси, но и со намера да добијат политички поени во атомосфера на антиглобалистичка реторика, почнале да применуваат разновидни протекционистички мерки.