Тој ги критикува ставовите на шефицата на ММФ Кристин Лагард која предлага формирање на специјален фонд за во случај на криза во еврозоната. Ако дојде до формирање на ваков фонд, Германија би требало да уплаќа 11 милијарди евра годишно.
Фридрих, шеф на консалтинг компанијата „Фридрих&Вајк“, тврди дека Лагард и нејзиниот сонародник, францускиот претседател Емануел Макрон си поставиле за цел да ги спасат ЕУ и еврозоната.
„Ним не би им сметало Германија да стане ‘шампион во давање’. Тие очајнички се трудат еврото да опстане, но тоа е само уште еден чекор кон диктатурата на ЕУ. Се надевам дека германските политичари ќе се спротистават на оваа идеја, бидејќи на еврото веќе одамна му нема спас“, тврди германскиот економист.