Во соопштението стои:
“Почитувани клиенти, Ве известуваме дека деловниот центар и експозитурите на Стопанска Банка а.д. Битола, нема да работат на 6 април (петок) -“Велики петок” и
9 април (понеделник) – “Велигден”, вториот ден на Велигден.
На 7 април (сабота), ќе работат експозитурите во Скопје на локации ТЦ. Бисер, ГТЦ, Болница Систина и експозитурата на Млечен како и сите експозитури на Стопанска банка а.д. Битола на територијата на Република Македонија освен експозитурата во Ресен”.
Стопанска банка а.д. Битола им го честита претстојниот празник “Велигден” на сите граѓани од православна вероисповед.