Во соработка со Агенцијата за вработување, „Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје” учествува во проектот Практикантство 3.5, со што се овозможува стекнување практично знаење и вештини на млади лица во времетраење од 6 месеци.
Условите за аплицирање се:
• дипломирани економисти, правници и ИТ-инженери;
• до 34-годишна возраст;,
• без работно искуство;
• без претходно учество во проект на АВРМ за обуки или практикантство
На активенот оглас, можете да аплицирате на [email protected] со тоа што ќе ја доставите вашата кратка биографија и мотивационо писмо.