Постигнат договор по вчерашните протести и блокади на производителите на зелка во струмичко. Работно тело ќе ги следи откупните цени на зелката и ќе алармира за евентуална корекција на истите. Ова беше договорено на средба во Банско со преставници на Министерството за земјоделство откако вчера земјоделците побараа стабилни и почитување на неделните откупни цени.
Производителите на зелка од струмичко во екот на бербата на пролетната зелка бараат стабилни откупни цени. Тие се револтирани што трговците преку ноќ ги менуваат без да знаат тие. Тврдат дека за една цена се договараат за друга се врши купопродажбата.
По вчерашните протести и блокади во струмичко Муртино, минситерството за земјоделство ги седна на маса и производителите и трговците. Договорија да се формира тело кое ќе има за задача да ги информира земјоделците ден претходно за евентуална корекција на цените.
Во мегувреме трговците дале цврсти гаранции дека наредниве денови ќе се откупува по цена од 25 денари за килограм. Пролетната зелка од струмичко овој период се извезува во Русија, Романија, Полска,Белорусија и Украина.