IBM објави денес дека компанијата Клириншки интербанкарски системи АД Скопје (КИБС), оператор за платен промет од Македонија во сопственост на 12 банки, одлучи да го трансформира своето работење во „дигитална фабрика“ на финансиски услуги со примена на решенијата за јавни и приватни „облак“ системи на IBM.
Во време кога земјите од Западен Балкан живеат во нова надеж за брза интеграција во Европската унија, компанијата КИБС одлучи да биде проактивна и веднаш да воспостави 24часовна достапност до македонскиот систем за платен промет и да спроведе дигитализација на работењето. Дополнително, со тоа, КИБС ќе го подобри и прошири опсегот на своите услуги. За да го постигне тоа, компанијата КИБС го инсталираше IBM Cloud Private решението. Изграден врз основа на технологија за софтверски контејнери со отворен код, IBM Cloud Private може да се инсталира на различни деловни системи и да послужи како алатка за креирање на приватни „облак“ окружувања со иста архитектура и еднакви можности како што има и во јавните IBM Cloud окружувања.
Имено, IBM Cloud Private е платформа со повеќе интегрирани облак-мрежи, а дизајнирана е така што на компаниите, независно од нивната големина, „облакот“ им е ценовно достапен и поедноставен за употреба. Станува збор за флексибилно и безбедносно добро заштитено окружување каде се изведуваат комплицирани, иновативни апликации.
IBM Private Cloud нуди и флексибилност во работата и сигурен безбедносен надзор, карактеристики кои, со доверливоста и усогласеноста со регулативите, се исклучително важни за компаниите од финансиската индустрија. Со примена на IBM Private Cloud решенијата, компанијата КИБС се усогласи со регулаторните и безбедносните стандарди и доби платформа за брз развој на своите дигитални услуги.
„Дигитализацијата навестува темелна трансформација на индустријата на финансиски услуги во Европа, соодветно на тоа и ние мораме да се приспособиме со цел да ги намалиме трошоците на работењето, да ги намалиме ризиците и да го подобриме искуството на нашите корисници“, изјави Горан Анастасовски, Генерален директор на КИБС. „Со избирање на решенијата на IBM Cloud Private меѓу конкурентските понуди, верувам дека подобро се позициониравме и постигнавме подобра соработка внатре во екосоставот на организациите во нашата земја, а ќе можеме и беспрекорно да спроведуваме интеракции помеѓу разните онлајн канали. Тоа решение ќе ни помогне и за подобро усогласување со новите прописи што ги поставува интеграцијата со ЕУ“.
Како дел од договорот потпишан уште мината година, КИБС, во соработка со компанијата Интек Систем, бизнис партнер на IBM, ќе ги консолидира и трансформира своите постоечки ресурси и ќе ги трансформира во „дигитални фабрики” – погон кој ќе биде способен да создава современи апликации и ефикасно да управува со „облак“ услугите. Трансформацијата треба да резултира со побрзо производство на нови дигитални производи, намалување на времето на излегување на пазарот од сегашните осумнаесет на три до четири месеци и истовремено оптимизирање на оперативните трошоци.
„Финансиските установи во Југоисточна Европа се повеќе се вртат кон платформите и ‘облак’ услугите на IBM, како решенија кои им овозможуваат иновации“, изјави Мајкл Пејер, Главен извршен директор на IBM за Југоисточна Европа. „Со инсталирање на IBM Cloud Private решението, компанијата КИБС ќе може подобро да ги искористи предностите на мобилните технологии, да ја зајакне безбедносната заштита, а сето тоа со оптимален трошок што ќе овозможи одржлив раст на бизнисот.”
Повеќе од 150 клиенти веќе работат на IBM Cloud Private облакот. Меѓу нив се и бразилската банка Брадеско, финската осигурителна куќа Илмаринен и македонската платежна компанија КИБС.