Во пресрет на Велигденските празници не се очекуваат никакви раздвижувања на берзата, но затоа пак вчера имавме позабележително затворање со трансакцијата на акциите на Уни Банка вредна 1,6 милиони денари.
Во трансакцијата преземени се вкупно 800 акции од Уни Банка при вредност на поединечна акција од 2.050 денари, односно вложени се вкупно околу 26 илјади евра.
Цената на една акција на Уни Банка според моменталните показатели изнесува 2.041,61 денари.