Нова жешка трансакција е регистрирана на Македонска берза откако во блок трансакција се вложени импресивни 45 милиони денари или околу 735 илјади евра во познатата печатница Киро Дандаро АД Битола.
Според информациите кои ги објави Македонска берза во блок трансакцијата со акциите на Киро Дандаро АД Битола вложени се вкупно 45.223.795,36 денари, платена е цена од 861,34 денари за една акција, а овој пакет на акции претставува 52.504 % од основната главнина.
Тоа значи дека ентитетот кој стои зад оваа блок трансакција со вложените 735 илјади евра станува нов доминантен сопственик на Киро Дандаро Ад Битола и со овие обични акции преземени на слободен пазар ќе може да ја води политиката на компанијата.
Киро Дандаро АД Битола како печатница со голем капацитет е присутна како на домашниот, така и на странскиот пазар, а во минатото често беше ангажирана од Државната изборна комисија за печатање на гласачките ливчиња и избирачкиот материјал. Киро Дандаро АД Битола е секако, присутна и во комерцијалниот сектор.
Извор : Фактор.мк