Глобaлната недела на парите ја донесе „Финансиската училница“ на Комерцијална банка на Економскиот факултет при УКИМ во Скопје. Студенти од групата на професорот д-р Сашо Арсов имаа можност да се информираат и едуцираат за значењето на парите за нивната финансиска иднина и за начините како да си обезбедат финансиски успешна иднина.
По повод Глобалната недела на парите, која светот оваа година ја одбележува под мотото „Чувајте ги парите, обезбедете си иднина“, Комерцијална банка во соработка со КБ Прво пензиско друштво и со КБ Публикум инвест ги едуцираше студентите за основните и најзначајни финансиски производи за штедење и инвестирање во нивната финансиска иднина.
- Штедење во банка, како еден од најбезбедните начини за вложување на заштедените пари, кој обезбедува гарантиран принос и максимална сигурност на вложениот депозит.
- Членство во задолжителни и доброволни пензиски фондови, кое обезбедува посигурни пензионерски денови.
- Вложување во инвестициски фондови, како атрактивен начин за оплодување на заштедата.
Финансиската училница на Комерцијална банка, реализирана од м-р Марија Стојановски, Раководител на одделение за штедење во Комерцијална банка, на студентите им порача дека колку порано почнат да штедат, толку повеќе ќе придонесат за сигурни и стабилни лични финансии во иднина.
Горан Мартиноски, Раководител на секторот за управување со средствата во КБ Прво пензиско друштво, ја потенцираше важноста младите навремено да се информираат за правата, обврските и придобивките од нивното членство во задолжителните и доброволните пензиски фондови веднаш по започнувањето на работниот однос.
Предавањето на Андреј Пулејков, Извршен директор на КБ Публикум инвест, беше конципирано да им даде предзнаење на студентите за успешно инвестирање и подетално разбирање на инвестициските фондови, видовите инвестициски фондови, предностите од вложување и следење на светските трендови.
Финансиската иднина на младите е фокус на Комерцијална банка како општествено одговорна компанија затоа што сакаме да придонесеме за среќни и успешни млади луѓе, кои ќе бидат целосно подготвени за ефикасно справување со предизвиците што ги носи светот на личните финансии.