Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – февруари 2018 година, изнесува 54 222 640 илјади денари и бележи пораст од 23.6 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – февруари 2018 година, изнесува 69 967 634 илјади денари, што е за 16.8 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – февруари 2018 година, изнесува 15 744 994 илјади денари.

 

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – февруари 2018 година, изнесува 77.5 %.

 

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснато-валаните производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

 

Во периодот јануари – февруари 2018 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија, и Бугарија.

Обем на размената, I-II 2018 Покриеност на увозот со извоз
124 190 274 илјади денари 77.5 %
2 016 597 илјади евра 77.5 %
2 478 208 илјади САД долари 77.5 %