Комерцијална банка е прогласена за Најпосакуван работодавач во 2023 година во категоријата Банкарство и финансии од страна на платформата Vrabotuvanje.com. Банката е особено горда на оваа награда затоа што е признание за задоволството и успехот на вработените, кои се еден од нејзините најсилни и највредни ресурси.
Изборот е направен врз основа на интересот на потенцијалните вработени за отворените работни позиции во Банката, како и врз база на анкетите спроведени на веб-страницата на Vrabotuvanje.com за испитување на јавното мислење.
Д-р Маја Стевкова Штериева, Главен финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка, во име на целиот менаџмент на Банката изрази голема благодарност за доделената награда.
„Огромна благодарност и до сите вработени за нивниот придонес, посветеност и професионализам, со кои секојдневно излегуваат во пресрет на потребите на клиентите. Комерцијална банка е горда на КБ тимот и продолжуваме заедно понатаму кон нови успеси затоа што дефинитивно така е полесно“, истакна д-р Стевкова Штериева.
Признанијата за најдобрите работодавачи во земјава во 8 категории беа доделени вчера вечер на свечениот настан „Работодавач на годината”, организиран од страна на Vrabotuvanje.com.