Во Министерството за финасии нов состанок каде повторно ќе се разговара, дали граѓаните ќе продолжат да плаќаат за 15% повисоко на осигурувањето за регистрација на возилата.
Одлуката доаѓа откако и покрај предлогот на Министерството за финасии да останат старите цени пред 25 април, осигуртелние компании наплатуваат по повиски цени.
По денешниот состанок се очекува да се достави предлог со цени до Владата за формирање на нов тарифник со кои ќе се влијае на намалување на цените.
Од Агенцијата за супервизија на осигурување велат дека е целосно неоправдан и без основа потегот со кој осигурителните компании ги зголемија цените на осигурувањето од задолжителна автомобилска одговорност.