Во април годинава трошоците за живот на граѓаните се зголемени за четири отсто во однос на истиот период лани. Државниот завод за статистика во својот најнов извештај покажува дека растот на инфлацијата најмногу е изразена кај здравствените и угостителските услуги, кај трошоците за храна и алкохолни пијалаци.
Во однос на храната, податоците велат дека за една година најмногу поскапеле овошјето и, зеленчукот потоа чоколадите и останатите кондиторски производи, а континуиран раст на трошоците граѓаните имаат и при набавката на млечните и месните производи како и за лебот и житарките. На месечно ниво, односно април – март инфлацијата е зголемена за 0,7 отсто.
Трошоци на живот април 2024/ април 2023
Овошје 26,4%
Зеленчук 12,7%
Шеќер, мед,џем, чоколади 6,7%
Млеко, сирење, јајца 3,2%
Месо 0,9%
Леб и жита 4,9%
Од Агро-бизнис комората при ССК уверуваат дека во периодот што следи ќе има стабилизација на цената на прехранбените производи. Цените на суровините на светските берзи немаат поголеми осцијалиции. Но притисоци врз крајната цена, компаниите велат дека сега имаат поради други фактори.
„Тоа се проблемите со човелките ресурси, големиот одлив на човечки ресурски, посебно во овој сегмент што работат, во западните земји и туристичките земји, како што се Хрватска и Грција. А исто така и проблемот со ликвидноста на компаниите, се соочуваат со недостаток на финансии, тука е моментот на високи каматни стапки.“ – велат од Горан Ѓоргиевски потпретседател на Сојуз на стопански комори.
Ставот на економистите е дека инфлацијата во последниве два месеци се зголемува поради укинувањето на мерката за загарантирани цени на храната. Во последниот извештај на Светска банка се нотираше дека ризик од продлабочување на инфлацијата има и поради вештачкотот зголемување на платите во земјава, односно платите не растат во согласност со продуктивноста на работниците.