Производните цени во САД се зголемија повеќе отколку што се очекуваше во март, под влијание на повисоките трошоци за здравствени услуги, трошоци за авиокомпании и друго, јави „Ројтерс“.

Индексот на цените на производител е зголемен за 0,3% во минатиот месец, откако во февруари се зголеми за 0,2%.

 

 

 

Тоа го забрза годишното зголемување на „PPI“ до 3% во однос на 2,8% во февруари. Економистите анкетирани од „Ројтерс“, прогнозираа дека „PPI“ ќе порасне за 0,1% во минатиот месец и за 2,9% во однос на една година порано.

 

Клучниот индикатор за основните цени на производител кој ги исклучува храната, енергетските и трговските услуги, се зголеми за 0,4% минатиот месец, а се зголеми со истото темпо веќе трет месец. Т.н. главен „PPI“ е зголемен за 2,9% во 12-те месеци до март, најголемото покачување од август 2014-та година, откако во февруари достигна 2,7%.

 

Зголемувањето на цените на големо ги поддржува очекувањата дека инфлацијата ќе се забрза во оваа година. Економистите сметаат дека затегнувањето на пазарот на труд, слабиот долар и фискалните стимулации во форма на намалување на даноците и зголемување на државните расходи ќе ја стимулираат инфлацијата до 2-процентната цел на ФЕД за оваа година.
Федералните резерви ги зголеми каматните стапки минатиот месец и остварија уште две зголемувања на каматите во оваа година.