Исчезна субвенцијата за струја. Процентот кој беше испишан во фактурите од април месец повеќе го нема.  Од претходната владина гарнитура тврдеа дека оваа  бројка покажува колку државата  покрива од трошокот за струја на домаќинствата.

Овие  пари со одлука на Влада му се префрлаа на ЕСМ и тоа дирекно од државниот буџет кој го полнат граѓаните и фирмите, но се нарекуваат субвенции. Првично изнесуваше  92 отсто, но подоцна процентот на поддршка се намали на 84.

ПА РЕАЛНО БИ БИЛО НЕКОРЕКНО НА ГРАЃАНИТЕ ДА ИМ СЕ КАЖУВА ДЕКА ИМА СУБВЕНЦИЈА КОГА ЦЕНАТА НА ЕСМ Е 57 ЕВРА, А ЦЕНИТЕ НА ПАЗАРОТ ИМА ДЕНОВИ КОГА СЕ И 20 ЕВРА И 30 ЕВРА.  ЕДНОСТАВНО СЛУЧУВАЊАТА НА ПАЗАРОТ СЕ ТАКВИ ДА ВО НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ВО ИЗМИНАТИТЕ ДВА ДО ТРИ МЕСЕЦИ ЦЕНАТА Е 60 ДО 70 ЕВРА, ВЕЛИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕГУАЛТОРНА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА МАРКО БИСЛИМОВСКИ

Меѓувреме се крои и новата цена на струјата.  Овој пат ќе се носи само за потрошената електрична енергија, но не и за мрежарината. Се прават и анализи дали има простор да се зголеми периодот во кои домаќинствата би имале дневна евтина тарифа.