Во државава во април годинава се регистрирани 81.752 туристи, од кои 23 проценти се домашни, а 77 проценти се странски туристи. Бројот на ноќевањата изнесува 151.720, при што 28,8 проценти се од домашните, а 71,2 проценти од странските туристи, објави денеска Државниот завод за статистика.
Од вкупно 62.978 странски туристи, 25.324 се од Турција, 3.254 од Германија, 5.006 од Србија, 2.766 од Грција, 2.319 од Бугарија, 2.116 од Хрватска, 1.892 од Словенија…
Хотелско сместување користеле 76.662 туристи, од кои 24.472 биле сместени во хотели со пет ѕвездички, 40.392 во хотели со четири ѕвездички, 9.840 во хотели со три ѕвездички… Во преноќишта се сместиле 1.218 туристи, 1.150 во куќи, станови за одмор и соби за издавање, 596 во бањски лекувалишта, 445 во работнички одморалишта…
Во периодот јануари – април 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 15,3 проценти. Кај домашните туристи има зголемување за 7,4 проценти, а кај странските за 19,3 проценти. Бројот на ноќевањата, пак, е зголемен за 15,2 проценти, кај домашните туристи за 15 проценти, а кај странските за 15,4 проценти.