Од денеска, Шпаркасе Банка ја отвора новата експозитура во Општина Аеродром, која претходно се наоѓаше на адреса бул. „Јане Сандански“ бр. 12.
Новата локација на експозитурата е на адреса ул. „Фрањо Клуз“ бр. 1/1, Општина Аеродром, и ќе работи секој работен ден од понеделник до петок, од 8.00 до 16.00 часот. Во новата експозитура, клиентите на Шпаркасе Банка ќе добијат врвно корисничко искуство во доменот на депозитно и благајничко работење, кредитирање, платен промет и други банкарски услуги.
Просторот на новата експозитура е дизајниран имајќи ги предвид естетските и функционалните аспекти. Употребата на еколошки одржливи материјали покажува посветеност и еколошка одговорност, додека обезбедувањето на стандардите за удобност и безбедност, дава приоритет на благосостојбата на клиентите и на вработените. Инспиративно е да се види како бизнисите ја интегрираат одржливоста во нивниот дизајн и работење.
На отворањето, пред присутните свое обраќање имаше претседателот на УО на Шпаркасе Банка, господинот Санел Кустурица:
„Шпаркасе Банка продолжува со цврста посветеност и стремеж да биде водечка банка по квалитет на услуги, задоволство на клиенти и ангажираност на вработените. Фокусирани сме да им понудиме поголема достапност на производите и услугите на нашите клиенти, со отворање нови и модерни експозитури. Се трудиме да им овозможиме максимално корисничко искуство на клиентите, да инвестираме во поголема мрежа на експозитури и во модерен простор каде што нашите вработени ќе се чувствуваат пријатно и ќе бидат мотивирани за работа“ – изјави тој.
Шпаркасе Банка АД Скопје инвестира во својата инфраструктура со цел поголема достапност до своите клиенти, со отворање нови и модерни услужни модели на експозитури, кои ги задоволуваат највисоките стандарди во поглед на простор, функционалност, отворена комуникација и ефикасно опслужување на клиентите. Во секоја од експозитурите, клиентите имаат можност да ги користат атрактивните банкарски производи и услуги, со што тие стануваат уште подостапни за што поголем број граѓани.