Кина изразува силно незадоволство и се спротивставува на планот на ЕУ за воведување привремени царини за увоз на кинески електрични возила, соопшти кинеското Министерство за трговија, истакнувајќи дека потегот на ЕУ ги игнорирал фактите и правилата на Светската трговска организација (СТО), политизирајќи економски и трговски прашања.
– Кина апелира до ЕУ веднаш да ги исправи своите лоши потези, да го спроведе важниот консензус постигнат на неодамнешната трилатерална средба Кина – Франција – ЕУ и да ги реши економските и трговските несогласувања преку дијалог – изјави портпаролот на Министерството за трговија.
Тој додаде дека Кина ќе ги преземе сите неопходни мерки за одбрана на легитимните права и интереси на кинеските претпријатија.