Доларот зајакна на 89,81 поени во однос на кошницата на валути од двонеделен минимум од 89,31 поен во средата, што претставува зголемување од 0,3 проценти во споредба со претходниот ден.

 

Швајцарскиот франк и шведската круна беа меѓу најголемите губитници со пад од половина процент и еден отсто, респективно, во однос на доларот. Доларот ја зголеми добивката кон јапонскиот јен, зајакнувајќи за 0,4 отсто во однос на претходниот ден, на 107,19 јени.

Еврото се намали за 0,2 процента на 1,2345 долари, по неодамнешниот раст на трговските сесии. Зедничката европска валута во текот на оваа недела зајакна за 0,5 отсто, бидејќи коментарите на официјалните претставници на Европската централна банка го зајакнаа ставот дека банката е на пат кон нормализирање на монетарната политика.