Секој пораст на трошоците за производство ќе значи скок на цената на тие производи, велат од мелничко пекарската индустрија. Неделава, поради зголемените цени на пченицата на светските берзи, лебот веќе поскапе за 10%.
Најавите за повисока цена на струјата, ќе значат дополнително зголемување на цената на основните прехранбени производи.
Секое зголемување на трошоците се знае како ќе се одрзаи врз цената, Неминовно ќе биде поскапување, вели Горан Малишиќ, претседател на Групација за мелничко-пекарска индустри
Евентуалното поскапување за 5% на електричната енергија ќе им зададе сериозен удар и на малите бизниси кои се снабдуваат на регулираниот пазар. Ние полека ја губиме битката на конкурентна земја и стануваме прескапи за странските партнери кои ги откажуваат нарачките и се селат во далечниот исток, велат од Организацијата на работодавачи. Зголемувањето на минималната плата и на цената на електричната енергија, може да доведе до сериозен колапс на бизнисите.
За разлика од компаниите кои можат да бираат од каде ќе се снабдуваат, ние малите бизниси сме оставени на милoст и немилост и мора да набавуваме електрична енерија на регулираниот пазар. . Се надевам дека поскапувањето нема да биде драстично, за да не дојде до колапс на компаниите, затоа што ситуацијата не е баш најдобра, поради падот на побарувачката во Германија. Ние сега сме 4 до 5 пати поскапи од земјите од далечниот исток, изјави Ангел Димитров, претседател на Организацијата на работодавачи.
Владата на заминување, на затворена седница, донела одлука за 5% да се зголеми цената што државните електрани им ја продаваат на ЕВН Хоум. Од новата власт пак, најавуваат дека нема да дозволат поскапување и ќе го штитат стандардот на грашаните. Сеапк, конечниот збор каква сметки ќе плаќаат граѓаните и малите бизниси, го има Регулаторната Комисија за енергетика, која крајот на месецот ќе донесе одлука за новата цена на струјата.