Цените на становите уриваат рекорди. Стабилизирање ќе има, но не и поевтинување. Од 1-ви септември и во земјава ќе важат европските стандарди…

Цените на становите уриваат рекорди. Во Скопје достигнаа и до 2.000 евра за квадрат. Сепак, градежниците сметаат дека плафонот е достигнат и повеќе нема да има зголемување.

Од 1-ви септември во земјава ќе почнат да се применуваат европските кодови. Тоа ќе значи и европски стандарди во градежништвото. Сепак, професорот Јосифовски од Градежниот факултет не очекува дека ова ќе донесе зголемување на цените, туку само подобар квалитет на градбите.

Сите нови инвестиции во градежништвото ќе мора да ги почитуваат еврокодовите во проектирањето, ревизијата и процесот на градба. Тоа подразбира и добро обучени надзорни инженери, но сега имаме проблем со кадарот.