Во ТИРЗ Тетово денеска ќе биде одбележан почетокот на работата на вториот производствен погон на фабриката Киел Македонија.
Од компанијата најавуваат дека на настанот ќе присуствуваат и ќе се обратат сопствениците, директорите, владини претставници и мандатарот на новата влада на РСМ Христијан Мицковски.