Вредноста на синдикалната минимална кошница за јуни изнесува 60.325 денари и е за 235 денари зголемена во споредба со таа за мај, кога изнесуваше 60.090. Со изнајмен стан од 60 квадрати за јуни изнесува 75.700 денари.

Во однос на јануари годинава, кога кошницата изнесуваше 57.163 денари, зголемена е за 3.162 денари или за 5,5 проценти.

За храна и пијалоци синдикалата кошница во јуни годинава изнесува 21.952 денари што е 36,4 проценти од вкупната синдикална минимална кошница и во споредба со јануари кога изнесуваше 21.007 денари зголемена е за 945 денари. За образование со синдикалната кошница за јуни се предвидени 7.022 денари (11,2 проценти), за станарина, вода, електрична енергија и греење 6.014 денари (10 проценти), за облека и обувки 4.962 (8,2 проценти), транспорт 4.871 (8,1 проценти), рекреација и култура 4.378 (7,3 проценти), ресторани и хотели 3.890 денари (6,4 проценти), лична хигиена и оддржување на хигиена 1827 денари, здравје 1069 денари (1,8 проценти) и за останати стоки и услуги 1100 денари (1,8 проценти).