Силен тимски дух и спортски ентузијазам повторно покажаа вработените на Комерцијална банка и постигнаа извонредни резултати на годинашното издание на Меѓународните банкарски игри во организација на БОФОС (Синдикатот на финансиски и осигурителни друштва на Србија), кои годинава се одржаа во Кладово.

Предводен од Синдикалната организација на Комерцијална банка,  КБ тимот настапи во повеќе дисциплини и собра два златни, два сребрени и еден бронзен медал.

Со златни медали се закитија колегите Александар Илиќ во категоријата шутирање тројки и Милена Петрески во поединечно куглање. Второ место освои КБ тимот во баскет и во куглање, а трето место освои Бранкица Василевска во категоријата поединечно куглање.

Се радуваме на секој успех на нашите вработени затоа што тој е резултат и доказ на нивната постојана посветеност, со која секојдневно ги извршуваат и професионалните обврски на работното место, велат од банката.