Дали е подобро да се плаќа со готовина или со картички во странство? Во кои земји провизијата е највисока и дали е безбедно да се подигнат пари од банкомат во странство?

Уредникот на порталот „Каматица“, Душан Узелац, вели дека изборот дали да се плати со готовина или картичка го одредува самата дестинација. Колку е подалеку на исток или југ, толку е помалку e развиен безготовинскиот процес.

„Имаше проблеми и порано, стравувања, но тоа беше сведено на минимум, сите безбедносни системи функционираат, па можеби е наследство од минатото дека е подобро да се плаќа со готовина“, вели Узелац.

„Имате банкомат на банка, а можете да имате и банкомат на здружение кое има покриени повеќе банки, тоа се банкомати со повеќе картички, каде провизијата е различна отколку на самиот банкомат на банката. Ако ја користите картичката на банкоматот на вашата банка, најчесто нема провизија“, вели тој.

Тој истакнува дека е важно и која картичка ја користите.

„Кредитната картичка е најскапа за таа намена, бидејќи не е наменета за подигање готовина, банката ви ја издава за да можете да купувате со неа, при што не е ограничено тие пари да ги подигнете од банкомат, но ќе ви се наплати двојна провизија и за користење на банкоматот и за користење на кредитна картичка за подигање готовина“, објаснува тој.

Тој советува дека со себе треба да имате кеш за евентуални патувања или пазарење по маркети, улични пазари.

Често се спомнува дека сметката во рестораните, кафулињата, продавниците се зголемува за околу 3 отсто доколку плаќате со картичка во странство, а Узелац наведува дека се работи за провизија што треба да ја плати продавачот за користење на тој систем, а ретко се префрла на клиентот.

Како знаете дека банкоматот е сигурен?

Наједноставно правило е да се избере банкомат кој е до самата филијала на банката, вели тој.

„Во случај нешто да се случи со вашата картичка, на секоја картичка има телефонски број, тоа е центар за повици во кој кога ќе се јавите и ќе кажете, на пример, дека вашата картичка ја нема, од тој момент повеќе не сте одговорни за тоа што се случило, ја блокираат картичката и што и да се случи со неа, вие не сте одговорни, односно нема да ви се наплати на сметката“, објаснува тој.

Момчило Радиќ, туристички водич од Грција, вели дека не слушнал некој во Грција да има проблеми со плаќањето со картички.

„Има провизии, има разни банкомати и обично туристите треба да ги погледнат овие главни банки. Има и банкомати кои даваат само услуги. Ако подигнуваат на банкоматите на грчката национална банка Пиреус, тука провизиите воглавно се поволни, но некогаш има банкомати, на пример под Акропол или на други ударни туристички места, каде што земаат голема провизија“, објаснува Радиќ.