„Амазон“ во средата достигна пазарна капитализација од два билиони долари (две илјади милијарди) за прв пат досега, со што стана една од ретките компании во светот што се толку ценети. Овој резултат доаѓа додека најновиот технолошки бум поттикнат од вештачката интелигенција продолжува да ги поместува границите.

Пазарната капитализација на „Амазон“ надмина два билиони долари во раните попладневни часови, бидејќи акциите на компанијата се тргуваа на рекордно високо ниво од 193 долари, што претставува раст од околу 3,5 отсто.

Овој гигант во областа на онлајн трговијата им се придружува на компаниите „Мајкрософт“, „Епл“, „Нвидиа“и „Алфабет“, кои моментално се единствените котирани компании во светот со вредност од два билиони долари или повеќе.

Растот на акциите на „Амазон“ беше помогнат од оптимистичката нота на аналитичарите на Банката на Америка, кои ја зголемија својата прогноза за цената на акциите на „Амазон“ од 210 на 220 долари, што имплицира натамошен раст од 12 отсто и пазарна капитализација од 2,3 билиони долари.

Џеф Безос, основачот и претседател на „Амазон“, стана побогат од кој било друг во светот во средата бидејќи неговото нето богатство се зголеми за речиси 6 милијарди долари, според пресметките на Форбс.

Богатството на Безос од 209 милијарди долари е второ по големина во светот, по богатството на извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, од 219,2 милијарди долари. Безос, кој поседува околу една десетина од имотот на „Амазон“, е 35 милијарди долари побогат отколку што беше на крајот на 2023 година.

Растечкото богатство на Безос доаѓа бидејќи акциите на „Амазон“ се зголемија за 27 отсто од година до денес и за 130 отсто од почетокот на минатата година до денес. Сега под водство на извршниот директор Енди Џеси, „Амазон“ неодамна го имаше својот најпрофитабилен прв квартал досега, со нето добивка од 10,4 милијарди долари, огромно подобрување од загубата од 3,8 милијарди долари во првиот квартал од 2022 година и профит од 3,2 милијарди долари долари во првиот квартал од 2023 година.

Покрај зголемениот профит, акциите на „Амазон“ пораснаа и благодарение на поширокиот интерес на инвеститорите за вештачката интелигенција, при што веб сервисите на Амазон се меѓу најпрепознатливите производи со вештачка интелигенција на пазарот. Пазарната вредност на „Амазон“ ќе се зголеми за повеќе од 400 милијарди долари во 2024 година, надмината само со растот од над 500 милијарди долари на „Мајкрософт“ и „Епл“ и растот од 1,8 билиони долари на „Нвидиа“.