Кинеските електрични автомобили можат да бидат забранети во САД доколку тоа е во интерес на националната безбедност, изјави американската секретарка за трговија Џина Рејмонд во обраќањето во Претставничкиот дом. Според Рејмонд, употребата на електрични автомобили од Кина или треба да се забрани на патиштата во САД или нивниот софтвер да се регулира на некој начин.
„Министерството за трговија е загрижено дека податоците од автомобилите со вештачка интелигенција ќе и бидат доставени на кинеската армија“, рече Рејмонд, пренесува Тас.
Таа, исто така, истакна дека кинеските власти веќе ја ограничуваат употребата на електрични автомобили од американско производство, како што е Тесла. Американските електрични автомобили не можат да се возат во близина на воени бази, болници и аеродроми во Кина, тврди таа.
Во мај, Соединетите Држави ги зголемија тарифите за испорака на електрични возила од Кина од 25 проценти на 100 проценти.