“На 19ти април благодарение на Mastercard во филијалата i-bank store во посета доаѓа Pepper – хуманоиден робот кој може да води едноставни разговари со луѓе и притоа да овозможи и основни бизнис трансакции (нарачки, пресметки, плаќања и сл.). Сепак, Пепер е повеќе од робот. Тој е и друштво за комуникација на природен и интиуитивен начин преку специфичниот глас, движењата и реакциите.
Ако ти и твоето друштво сакате да направите по некое селфи и првпат да се запознаете со Пепер на кафе, те очекуваме на 19ти Април во филијалата i-bank store од 14 до 18 часот.
Не заборавајте, постирајте го вашето селфи со Pepper под хаштагот #PepperSTB на Instagram, зошто на крајот на денот Pepper ќе подели и неколку подароци по случаен избор: курс за програмирање, робот играчка, паметен часовник, паметна алка и таблет компјутер.”
Се вели во соопштението на банката.