Вкупно 21,5 милиони евра годинава ќе можат да се искористат за руралниот развој. Младите земјоделци за основање на сопствен бизнис ќе добијат грант, а финансиска поддршка е предвидена и за жените носители на земјоделско стопанство…
Годинава на земјоделци им стојат на располагање 21,5 милиони евра од Програмата за рурален развој.
Младите кои ќе почнат сопствен земјоделски бизнис ќе имаа право на субвенции за чија намена се предвидени 14,2 милиони денари. Поддршката може да се исплати во вид на аванс до 40 проценти од одобрениот износ, а остатокот по реализацијата на инвестицијата.
Вкупната поддршка за инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства изнесува 700 милиони денари и е неповратна помош за зголемување на дејноста. Тука спаѓа набавката на приплоден добиток, на пчелни матици, трактори, подигнување нови насади, силоси, бунари и за системите капка по капка.
Останува и финансиската помош за воспоставување и одржување на задругите.
За учество на саеми и организација на промотивни настани во странство се предвидени 60 милиони денари.
Јавните повици за реализација на мерките од програмата за рурален развој ги објавува Платежната агенција.