Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека се подготвува ново законско решение за игрите на среќа, кое рече, ќе подразбира најпрво ревидирање на сите согласности дадени од претходната Влада.
„Подготвуваме законско решение кое ќе значи, прво, преиспитување на сето она што го дала претходната влада, сите тие договори што се дадени затоа што сме длабоко убедени дека овде се прекршени законите и тука некој мора да одговара. Второ, мора да го ревидираме пристапот, имено начинот на оданочување, начинот на условите, локациите и слично за да биде сеопфатно законско решение, кое ќе биде поправедно и во исто време ќе најдеме одговорноста за сите досегашни незаконски работи“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.
Предлог-законот за коцкање предвидуваше преместување на коцкањето на 500 метри од образовните и верските институции, истовремено зајакнување на условите и зголемување на вредноста на новите лиценци за казино.
Според тогашната опозиција, ова се сметало за измама, нагласувајќи дека со овој закон коцкањето не се отстранувало од децата и младите, туку тие всушност се зближувале преку уреди и интернет конекција.
Овој предлог закон прво помина во Собранието, но потоа не доби согласност од поранешниот претседател Стево Пендаровски, кој одби да го потпише, поради злоупотреба на европското знаме.