Малдивите се соочуваат со големи финансиски предизвици. Агенцијата за кредитен рејтинг Фич оваа недела предупреди дека островската држава е изложена на ризик од неисполнување на надворешниот долг.
Како резултат на тоа, долгорочниот кредитен рејтинг на Малдивите веќе е намален за еден степен на CCC, туркајќи го уште подлабоко на високоризична инвестициска територија. „Фич“ оваа недела објасни дека ризиците со кои се соочуваат Малдивите произлегуваат од намалувањето на нивните девизни резерви, објави „СЕЕ.биз.еу“.
Тие во мај паднаа на само 492 милиони американски долари, додека само за годинава се очекуваат 409 милиони долари за сервисирање на долгот. Ова ќе ја стави земјата со околу 2.000 мали атоли во Индискиот Океан, позната по своите престижни одморалишта и познатите патници, под сериозен притисок, објави оваа недела француската новинска агенција АФП.
„Фич“ предвидува дека Малдивите ќе продолжат да се потпираат на овој вид финансиска поддршка. Официјалните податоци покажуваат дека надворешниот долг на Младиви лани изнесувал 4,04 милијарди долари, што претставува 118 отсто од нивниот бруто домашен производ. За една година порасна за 250 милиони долари.
Заклучно со јуни минатата година, 25,2 отсто од надворешниот долг на Малдивите е во рацете на Експорт-импорт банка на Кина. Оваа банка е најголемиот индивидуален доверител на островската држава.
0