На 27 ноември во Лондон, НЛБ Тутунска банка е прогласена за „Најдобра банка во Македонија за 2014 година“ од страна на угледниот финансиски магазин „The Banker“. На свечената церемонија која се одржа по петнаесетти пат, угледниот финансиски магазин „The Banker“ ги додели глобалните и регионалните награди за најдобрите во банкарството во 2014 година, во 149 земји во светот.
За најдобра банка во Македонија за 2014 година е прогласена НЛБ Тутунска банка. Ова е седма награда за најдобра банка во земјата за НЛБ Тутунска банка, oд воспоставувањето на „The Banker“ наградите за најуспешните во банкарската индустрија во светот.
Оваа година наградата за најдобрите банки се базира на постигнатите финансиски резултати во услови на засилена конкуренција, нови пазарни иницијативи и се уште неизвесна економска активност во повеќето земји во светот.
НЛБ Тутунска банка во 2013 година оствари добивка од 10,2 мил. ЕУР или 11% поврат на капиталот. Банката покажа исклучително висока стабилност во услови на зголемени ризици во банкарскиот сектор што се должи на долгогодишната стратегија на реален раст на Банката, современите системи за управување со ризиците и професионална услуга која овозможува креирање долгорочна деловна соработка со клиентите.
Во 2014 година, НЛБ Тутунска банка успешно ја продолжи новата пазарна иницијатива со која се опфатени домаќинствата и сите микро, мали и средни претпријатија од сите стопански дејности, за што се инвестирани значителни средс„”тва во проширување на деловната мрежа и надградбата на електронските сервиси, што им овозможува на клиентите брз, евтин и едноставен пристап до услугите на Банката.