Продолжен е рокот за пријавувањето за субвенционирање на земјоделството за 2024 година. На сметките на земјоделците треба да се најдат скоро 6 милијарди денари. Најголем дел од вкупната финансиска поддршка е предвидена за растителното производство. Поднесувањето на барањата е до 31 јули.
Со 2 милијарди денари годинава ќе се субвенционира растителното производство, а со помал дел сточарството. Право на државна помош земјоделците ќе имаат и за премии за осигурување склучени од 1 август 2023 до 31 јули 2024 година со максимален износ на поддршка од 150.000 денари по корисник.
За заштита на земјоделско земјиште е обезбедена финансиска поддршка за анализа на физичките и хемиските својства на почвата за стопанствата што направиле агрохемиски или педолошки анализи годинава, а ќе се покриваат 80 проценти од трошоците, но не повеќе од 12.000 денари. Остануваат и досегашните мерки за складирање на пченицата, субвенцијата за зелената нафта која се покриваат 100 проценти од трошоците за набавка на дизел гориво за земјоделска механизација, но не повеќе од 100.000 денари по корисник.