Компанијата ќе вложи околу 35 милиони евра за производство на сопирачки за шински возила. Ќе бидат вработени уште 100 лица…

Американски „Вабтек“ ги проширува своите капацитети во земјава. Ќе вложи околу 35 милиони евра за производство на сопирачки за шински возила. Ќе бидат вработени уште 100 лица.

Премиерот Мицкоски во Вашингтон имаше и предавање на престижниот универзитет „Џон Хопкинс“.

Денеска во Вашингтон почнува Самитот на НАТО, кој ќе трае до 11-ти јули. Се совпаѓа со 75-годишнината од основањето на Алијансата и се одржува додека трае војната во Украина.

На Самитот учество зема и македонска државна делегација предводена од премиерот Мицкоски. Во составот на делегацијата се и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.