Според податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – мај 2024 година, изнесува 199.881.6 милиони денари и бележи пад од 8.8% во однос на истиот период од претходната година.
Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – мај 2024 година, изнесува 286.075.7 милиони денари, што е за 0.9% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари – мај 2024 година, изнесува 86.194.0 милиони денари. Покриеноста на увозот со извоз, во периoдот јануари – мај 2024, изнесува 69.9%.
Трговската размена пои производи покажува дека во извозот најголемо учество на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, а возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.
Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија.
Во периодот јануари – мај 2024 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Кина.