Европските берзи благо пораснаа во средата во претпладневното тргување, по двата дена пад, со претпазливо тргување поради неизвесната политичка ситуација во Франција по предвремените парламентарни избори.
Европските берзи благо пораснаа во средата во претпладневното тргување, по двата дена пад, со претпазливо тргување поради неизвесната политичка ситуација во Франција по предвремените парламентарни избори.
Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во првиот дневен пресек порасна за 0,1 отсто. Истовремено, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,21 отсто, на 8.156 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,12 отсто, на 18.258 поени. Парискиот CAC, пак, ослабе за 0,17 отсто, на 7.495 поени.
Инвеститорите остануваат фокусирани на политичката неизвесност во Франција по предвремените парламентарни избори во неделата, на кои победи француската левичарска коалиција Нов народен фронт (NFP), додека центристичкиот блок Заедно на претседателот Емануел Макрон беше на второто место. Крајнаа десница Народен собир воден од Мари Ле Пен, откако беше убедливо прв на првиот круг по сојузувањето на сите останати партии и коалиции заврши на третото место по број на претставници.
Имајќи предвид дека ниту еден од блоковите не освои апсолутно мнозинство, напорите за формирање нова влада ќе се фокусираат на барање потенцијални сојузи и освојување поединечни членови на парламентот од други пратнички групи.
Внимателно се тргува и на азиските берзи. MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, во истиот период од тргувањето како и во Европа беше речиси непроменет во однос на вчерашниот ден. Истовремено, на токиската берза индексот Nikkei зајакна за 0,6 отсто, додека индексите во Јужна Кореја и Хонгконг стагнираа. Во Австралија и Шангај, пак, паднаа меѓу 0,2 и 0,7 отсто.
Внимание на пазарите, меѓу другото, и поради слабите податоци од кинеската економија. Утрово беше објавено дека во јуни потрошувачките цени пораснале за 0,2 отсто на годишно ниво, а продажните цени паднале за 0,8 отсто. Иако е петти месец по ред инфлацијата благо расте, додека падот на цените на производителите е умерен, овие податоци покажуваат дека побарувачката и натаму е слаба. Затоа, тешко е да се очекува забрзување на растот на втората по големина светска економија.