Во промотивниот период до 30 септември, станбените кредити од Комерцијална банка се растоварени од надоместот за одобрување и проценка, што е олеснителна и поволна околост за потенцијалните кредитокорисници.
Освен тоа, во понудата на Банката, овие кредити кои решаваат важно животно прашање, се со фиксна каматна стапка од 3,3 проценти за првите пет години, со или без вклучено животно осигурување. Можна е фиксна каматна стапка и за 10 години, исто така со или без вклучено животно осигурување.
Овој вид кредит се одобрува за купување, изградба, доградба или реконструкција на стан, куќа или деловен простор, како и за купување градежно земјиште или недвижен имот во странство. Рокот на отплата е до 30 години, со можност за грејс период од 12 месеци.