Европскиот извоз во трети земји во мај достигна 216,3 милијарди евра или 0,6 отсто помалку од мај 2023 година, информира „24Часа.бг“. Увозот изнесува 206,5 милијарди евра или 6,2 отсто помалку од истиот месец лани.
На месечно ниво извозот опаѓа – во април изнесувал 12,8 милијарди евра. Ова се должи на падот на извозот на машини и автомобили (-3,7 милијарди евра) и хемикалии (-1,2 милијарди евра), но тоа е делумно неутрализирано со растот на извозот на други произведени стоки (+2,8 милијарди евра). Во периодот јануари-мај, ЕУ забележа суфицит во меѓународната трговија со стоки во износ од 74,2 милијарди евра наспроти дефицитот од 36 милијарди евра во истиот период од 2023 година, пишува БТА.
Во сличен план се и податоците за еврозоната, која пријавува суфицит во меѓународната трговија со стоки во мај во износ од 13,9 милијарди евра, наспроти дефицитот од 0,4 милијарди евра во мај 2023 година.