Mерките и активностите на надлежните државни институции не се доволно ефикасни и ефективни за вклучување на жените од руралните средини на пазарот на труд и нивно задржување во руралните средини. Ова е заклучокот на регионалната кооперативна ревизија во која освен земјава учествувале Албанија и Косово. Главниот државен ревизор Максим Ацевски вели дека властите не вложуваат доволно во регионалниот развој, односно од предвидени 1 отсто од БДП се издвојуваат само 0,09 проценти.
„Ефектот или последиците за таквото несоодветно постапување и не водење доволно грижа за рамономерниот регионален развој предизвикува да 4 отсто од нашата територија на нашата земја Македонија нема популација. Во 205 населени места нема ниту еден жител, а 218 населени места се со под 10 жители. Тоа укажува дека населението од руралните средини масовно се иселува и со тоа се предизвикува несоодветна улога и позиција на руралната жена изјави Максим Ацевски, главен државен ревизор
Ништо подобра не е и ситуацијата во соседните земји.
„Заедничката ревизија на трите држави покажа дека нашите Влади сите три не направиле доволно за задоволително вклучување на руралните жени на пазарот на трудот“изјави Вљора Спанца, главен ревизор на Косово
Според Ацевски, жените во руралните средини не добиваат ниту соодветна плата за нивниот труд.
„Ефектот или последиците за таквото несоодветно постапување и не водење доволно грижа за рамономерниот регионален развој предизвикува да 4 отсто од нашата територија на нашата земја Македонија нема популација. Во 205 населени места нема ниту еден жител, а 218 населени места се со под 10 жители. Тоа укажува дека населението од руралните средини масовно се иселува и со тоа се предизвикува несоодветна улога и позиција на руралната жена.“
Ништо подобра не е и ситуацијата во соседните земји.
„Заедничката ревизија на трите држави покажа дека нашите Влади сите три не направиле доволно за задоволително вклучување на руралните жени на пазарот на трудот“ изјави Вљора Спанца, главен ревизор на Косово
Според Ацевски, жените во руралните средини не добиваат ниту соодветна плата за нивниот труд.